2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

ЕВН Македонија ја инсталираше првата фотонапонска централа од двострани панели

Kabtel desktop


ЕВН Македонија во Неготино ја инсталираше првата фотонапонска централа во земјата која истовремено произведува електрична енергија од сонцето и од одблесокот на светлината. Таа е дел од современите светски технологии и е направена од т.н. бифацијални панели кои во горниот дел ја акумулираат директната сончева светлина, додека во долниот дел го акумулираат одблесокот на светлината од рефлектирачкиот материјал дополнително поставен под панелите. Централата се изгради во период од помалку од 4 месеци, соопштија од ЕВН Македонија.

Бифацијалната фотонапонска централа е составена од 4.416 панели со моќност од 335 вати, односно инсталирана моќност од 1.479 киловати и има капацитет од 2,1 гигават-часови годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија.

„Фотонапонска централа е резултат на плодната соработка меѓу државниот и приватиот сектор. Горди сме што нашата компанија вложува во проекти кои се наменети за заштита на животната средина и особено за намалување на загадувањето“, рече Штефан Петер, претседател на УО на ЕВН Македонија.

Според министерот за економија, Крешник Бектеши, и во иднина ќе продолжи поддршката на активностите за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност, во насока на заштеда на енергија.

Овој проект се реализираше во рамки на стратегијата за производство на „Зелена енергија“ од страна на Владата. Премиерот Зоран Заев ги истакна стратегиите на Владата за контуиниран развој на секторот за енергетика, особено делот за обновливи извори на електрична енергија и додаде дека сончевата енергија ја имаме во изобилство, со 280 сончеви денови годишно и најквалитетен „пик“ на сончева енергија.

(Meta.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •