2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Латвијци развиваат технологија за заштита од опасни астероиди

Kabtel desktop

Во кампусот на Техничкиот универзитет Рига во Латвија една екипа од начници собрана под стартапот EvenTech развива технологија со помош на која во иднина ќе можеме да се одбраниме од ударот на некој опасен астероид, кој би можел да остави тешки последици ако се судри со Земјата.

Научниците од EvenTecha веќе развија високо прецизни тајмери кои се прават рачно и моментално се користат за следење сателити, а годинава компанијата доби договор со Европската вселенска агенција за развој на тајмер кој ќе ја проучува можноста за пренасочување на астероидите пред да дојдат на опасно растојание од нашата планета.

Тајмерите на EvenTech ќе се најдат во европската мисија HERA која ќе стигне до Дидимос во 2026 година, а треба да откријат дали ударот на DART бил успешен и дало дошло до промена на патеката на атсероидот.

„Нашата нова технологија, која ќе следува на второто летало на Европската вселенска агенција наречено HERA ќе мери дали ударот го пренасочил астероидот Дидимос од неговата претходна патека, со што би можела да се отстрани потенцијалната закана за човештвото“ велат од EvenTech.

Тајмерите на EvenТech се дел од традицијата на вселенската технологија во балтичката држава уште од советско време, кога лЛатвијците го следеле првиот вештачки сателит кој орбитирал околу Земјата, Sputnik, во 1957 година. Тие го мерат времето потребно импулсот од светлината да патува до објектот во орбитата и да се врати назад. Неговите уреди можат да извршат мерење во рок од една пикосекунда или една милијардита секунда, што на астрономите им овозможува временската мерка да ја претворат во мерење на оддалеченоста со прецизност до 2 милиметри.

Секоја година EvenTech произведува околу 10 такви тајмери кои се користат во опсерватории ширум светот. Една од улогите им е следењето на сателитите во орбитата на Земјата, во која благодарение на приватни вселенски компании има се поголема гужва, за да се избегнат можни судири.

(Vidi.hr)

(фото: Needpix)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •