2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

ЕВН ја изгради првата фотонапонска централа од двострани панели во земјава

Kabtel desktop

ВН Македонија ја инсталираше првата фотонапонска централа во земјата која истовремено произведува електрична енергија и од сонцето и од одблесокот на светлината.

Централата е изградена во Неготино за помалку од четири месеци и е дел од најсовремените светски технологии. Панелите кои се користени се бифацијални, што значи дека во горниот дел ја акумулираат светлината од сонцето, а во долниот дел го акумулираат одблесокот на светлината од рефлектирачкиот материјал кој е поставен под панелите.

Фотонапонската централа е составена од 4 416 панели со моќност од 335 W односно има инсталирана моќност од 1 479 кW и капацитет од 2,1 GWh за годишно производство на струја од обновливи извори на електрична енергија.

„Оваа фотонапонска централа е резултат на плодната соработка меѓу државниот и приватниот сектор. Горди сме што нашата компанија вложува во проекти кои се наменети за заштита на животната средина и особено за намалување на загадувањето. За рекордни неполни 4 месеци, успеавме да направиме позитивна промена во насока на подобра енергетска иднина на земјата и за здравјето на нашите граѓани“, изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, на официјалното отворање на централата.

Овој проект се реализираше во рамки на стратегијата за производство на „Зелена енергија“ од страна на Владата, а на официјално отворање присуствуваа и владини претставници, премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши.

„Честитки за оваа инвестиција, за овој успешно реализиран проект во рамки на јавниот повик на Министерството за економија. Сончевата енергија ја имаме во изобилство, ние сме земја со 280 сончеви денови годишно и најквалитетен ’пик на сончева енергија‘“, порача Заев.

Бектеши, пак, ја истакна важноста да се инвестира во обновливите извори на енергија, а зборуваше и за поддршката која константно се добива од ЕВН за постигнување на овие цели.

„Министерството за економија како надлежно министерство за политиките во делот на енергетиката, и во иднина ќе продолжи да поддржува активности за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност, со цел реализација на зацртаните цели за учеството на обновливите извори на енергија утврдени во стратешките документи во насока на постигнување на национална цел за заштеда на енергија“, рече Бектеши.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •