19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Нови цени на горивата

Kabtel desktop

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денар/литар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 30.11.2020 година

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 30.11.2020 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг.

Од 8.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 61,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,368 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 1,042%, дизелот за 1,524%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 1,409 % и кај мазутот од 0,73%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,108%.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и намалениот износ на акцизата за бензините согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите* за време на вонредна состојба, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за
формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,90%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.12.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 30.11.2020), се дадени во следната табела:

(фото: Needpix)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •