4 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

„Одас“, образовна платформа со кратки, анимирани лекции за средношколци

Kabtel desktop

Пандемијата ги инспирирала Анисија и Сергио  да ја создадат образовната платформа во склоп на ученичката организација „Одас Едукација“. Платформата нуди анимирани, образовни, видео лекции, литературен оддел во кој детално се анализираат лектири, како и оддел за математика и јазици.

Анисија Угриновска, вели дека со изработката на платформата започнале во мај годинава, имајќи ги ум сите предизвици меѓу кои и работата на далечина.

„Мојот партнер, Сергио и јас сме многу активни луѓе, па одлучивме нашата енергија да ја насочиме кон создавање на нешто конструктивно и секако, корисно. Идејата за создавање на „ОДАС“ се роди преку една ноќ, но, како и за секоја иновација, така и за оваа, требаше многу време за да се изработи и пушти во употреба“, вели таа.

„Опсегот на предмети е голем, но дел од најбараните предмети се германски јазик, математика, природни науки, социјални и хуманистички науки, уметности, а во иднина планираме да додадеме и право, бизнис, медицина, музика… Се трудиме целиот материјал да го направиме едноставен и брз за совладување, па најголемиот дел од видеата не траат повеќе од 10 минути. Видеата се наоѓаат на нашата веб-страна и до нив се пристапува во само неколку клика“, објаснува Анисија.

Повеќе на Радио МОФ

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •