Италија постави шарени киосци за вакцинирање во кампања за имунизација од Ковид-19

- Advertisement -

Владата на Италија соопшти дека во градовите низ земјата ќе изгради специјални киосци за вакцинација на почетокот на следната година.Необичните бели павилјони ќе бидат со цветен дизајн со намера да симболизираат смиреност, пренесе Радио МОФ.

Тие се дело на архитектот од Милано, Стефано Боери, а неговиот проект е дел од поголема ПР кампања на италијанската национална програма за вакцинација од Ковид-19.

- Advertisement -

„Со слика на пролетен цвет сакавме да создадеме архитектура која ќе претставува симбол на смиреност и регенерација. Вакцинацијата ќе биде чин на граѓанска одговорност, љубовта за другите и повторно откривање на животот. Ако овој вирус не затвори во болниците и домовите, вакцината ќе не врати назад кон контактот со животот и природата која не окружува“, вели Боери.

На почетокот планирани се 300 вакви киосци за вакцинирање, додека нивниот број е планирано да порасне на 1.500 објекти кога ќе се достигне врвот на имунизацијата на населението, соопшти државниот советник за коронавирусот, Доменико Аркури.

- Advertisement -

„Можеби ќе успееме да поставиме неколку вакви структури на почетокот на кампањата, но киосците се наменети за моментот кога сите Италијанци ќе почнат да се вакцинираат“, додал Аркури.

Италијанската влада е убедена дека најголемот дел од популацијата ќе може да биде вакцинирана до септември. Според медицинските експерти, за да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинира помеѓу 60 до 90 проценти од населението со што би се ставило крај на преносот на вирусот.

- Advertisement -

Фото – Robb Report

Сподели!
- Advertisement -