2 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

Нови цени на горивата

Kabtel desktop

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,64 % во однос на Одлуката од 4.1.2021 година.

„Денешната одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати е резултат на зголемените берзански цени од изминатата недела. Растот на сите референтни цени на светските берзи следува по изјавата на министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулаиз бин Салман, кој соопшти дека Саудиска Арабија ќе ги надмине договорените квоти на кратење, со цел да ја задржи сопствената економија и пазарот со нафта, по што од вторникот цената на нафтата Брент на берзите порасна за 5% и истата има вредност над 53 УСД $/t.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 04.01.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.

Од 12.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           62,00  (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            63,50  (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      53,50  (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             53,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      29,651 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 5,431%, дизелот за 2,43%, екстра лесното масло 2,872 %  и мазутот 5,156%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,494%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 04.01.2021), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

 Еуродизел (ЕУР)ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија0,8681,006
Австрија                        1,0431,072
Бугарија0,9380,944
Хрватска1,1861,215
Германија1,1121,281
Грција1,1601,432
Италија1,3041,428
Унгарија1,0731,023
Словенија1,0671,003

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •