-2 C
Skopje
сабота, јануари 16, 2021

12 милиони квадратни километри од Земјата ќе потонат до 2040 година

Kabtel desktop

Ново истражување покажа дека тлото буквално тоне под нашите стапала. Според податоците на новото истраување, до 2040 година ќе потонат 12 милиони квадратни километри од Земјата.

Спуштањето на површината на копното е потенцијално разорна опасност која може да предизвика низа природни и антропогени настани, но тоа е главно резултат на цврстата или течната мобилизација под површината“ се наведува во истражувањето.

Причините се главно резултат на човечките активности како ископувањето на нафтата, природниот гас и подезмните води.

Во наредните децении глобалната популација и економскиот раст ќе имаат голема побарувачка за подзени води, а црпењето на подземните води во комбинација со сушата веројатно ќе го засили спуштањето на земјиштето и ќе настане штета како последица на тоа“, сметаат научниците.

Тие утврдиле дека на најмаку 200 локации во 34 земји дошло до спуштање на тлото поради црпење на подземните води во последните 100 години. Повеќето од градовите се наоѓаат на локации на кои им се заканува спуштање на тлото.

Нашето истражување покажа дека 1.596 поголеми градови, односно 22% од 7.343 големи градови во светот имаат ризик од потенцијално спуштање на тлото“ стои во истражувањето.

Опасноста е поголема затоа што ризичните локации се населени или се наоѓаат околу густо населени урбани центри. Тоа значи дека ќе има последици врз голем број луѓе и на различни начини. Научниците бараат од лидерите на земјите да воведат политики врзани за спуштањето на тлото, а тоа е посебно битно затоа што се покачува нивото на морињата.

(Klix.ba)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •