7 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Swarovski ја затвора секоја четврта продавница

Kabtel desktop

Австрискиот гигант Swarovski, после решението на спорот околу идната стратегија на компанијата, сега се посветува на реформа на својата продажна мрежа. Како што пишува виенското списание „Trend”, во Австрија ќе бидат затворени 33 продавници на компанијата Swarovski.

Поточно, ќе бидат раскинати договорите со 102 трговци, потврдија од компанијата и додадоа дека ширум светот ќе исчезнат околу 750 продажни места од вкупно 3.000 продавници за познатиот накит од кристал, при што ќе бидат затворени и сопствени продавници на Swarovski и франшизи.

„Ќе ја прилагодиме нашата продажна мрежа. Ќе имаме помалку продавници, но тие ќе бидат значително поголеми“ изјави директорот на компанијата, Роберт Бухбауер.

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •