7 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

K-Briq е првата рециклирана тула во светот

Kabtel desktop

Шкотскиот стартап Kenoteq ја лансираше K-Briq, одржлива тула за градење која не е печена и е направена од 90% градежен шут. Тулата ја измисли професорката по инженеринг на Универзитетот Хериот-Ват во Единбург, Габриела Медеро. K-Briq генерира помалку од 1/10 од емисијата на јаглерод диоксид од обичните тули.

Медеро го развивала производот повеќе од 10 години на шкотскиот универзитет, а била мотивирана од желбата да ги намали штетните ефекти на градежната индустрија вез околината.

Многу години ги истражував градежите материјали и ме загрижуваа модерните градежни техники кои користат суровини без да земат предвид дека тие се едни од најголемите загадувачи со јаглерод диоксид“ изјави Медеро.

Medero ја основала компанијата Kenoteq со цел да почне комерцијално да ги произведува тулите. Според Медеро, K-Briq изгледа како обична тула, има иста тежина и се однесува како тула направена од глина, но обезбедува многу подобра изолација, а Kenoteq може да ги произведува во која било боја.

Освен што се штеди енергија при производството, Kenoteq ја намалува емисијата така што ги произведува тулите локално. Од компанијата потенцираат дека моментално до 85% од тулите кои се користат во Шкотска се увезени од Англија или од Европа, а тоа не е одржливо на долг рок.

(Dezeen)

(фото: Kenoteq screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •