13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Moodbeam е алка која на вашиот шеф му кажува дали вработените се среќни или несреќни

Kabtel desktop

Иако на прв поглед изгледа како обична силиконска алка која го следи срцевиот ритам, Moodbeam не е наменета да го следи вашето физичко здравје. Наместо тоа на му овозможува на вашиот работодавец да ја следи вашата емоционална состојба.

Гаџетот се поврзува со апликација за мобилен телефон и веб интерфејс, има две копчиња – сино и жолто. Идејата е да го притиснете жолтото копче ако сте среќни, а синото ако сте тажни.

Целта на Moodbeam е да им помогне на компаниите кои сакаат да ја следат добросостојбата на вработените кои работат од дома. Вработените се охрабруваат да ја носат алката додека работат и да притискаат на соодветните копчиња во зависност од тоа како се чувствуваат.

Менаџерите потоа можат да видат на онлајн контролна табла како се чувствуваат вработените и како се справуваат со ситуацијата. Бидејќи во моментот работодавците не можат да ги гледаат во живо вработените, од Moodbeam се надеваат дека ќе ја олеснат ситуацијата.

Бизнисите се трудат да останат конектирани со персоналот од дома. Сега на едно место можат да ги прашаат сите 500 вработени дали се добро без да се јават на телефон“, вели соосновачот на Moodbeam, Кристина Колмер Мекхју.

Таа ја добила идејата за производот кога открила дека нејзината ќерка има проблеми на училиште и сакала нејзиното дете секогаш да може да и каже како се чувствува. Алката комецијално е достапна од 2016 година.

(BBC)

( фото: Moodbeam screenshot)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!