9 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Во Данска емпатијата се учи како предмет во училиштата

Kabtel desktop

Иако математиката и науката се битни во животот, во Данска емпатијата се гледа како една од најбитните животни лекции која луѓето ќе ги одведе подалеку отколку што може да го направат тоа формулите и бројките.

Во Данска придаваат големо значење на негувањето на емпатијата кај децата. Современото општество не се грижи за туѓата добросостојба. Иако факт е дека математиката и науките се битни, Данците сфатиле дека емпатијата е многу побитна лекција.

Поради тоа данските школи уште во 1993 година вовеле задолжително изучување на емпатијата. Учениците на возраст од 6 до 16 години учат како да станат љубезни.

Кога ќе се роди детето неговиот мозок е празен лист хартија. Што ќе се напише на него, каква личност ќе стане зависи од начинот на одгледување. Тоа значи дека детето треба да ги учи работите кои ќе го оформат во личноста која ќе може да придонесе во општеството. Треба да научи љубезност, емпатија, великодушност, искреност наместо некои штетни особини. Кога една цела генерација деца ќе израсне со добри атрибути, светот ќе биде подобро место за живот.

Од децата во текот на наставата по емпатија или „Klassens tid” се бара да ги споделат сите проблеми или проблемите низ кои поминуваат. Целиот клас се мотивира да помогне да пронајдат решение. Децата така растат замоуверени, емозионално интелигентни кои ќе знаат да не ги осудуваат луѓето поради нивната борба.

Тоа исто така значи дека и самите ќе одгледаат такви деца. Данска е постојано во врвот на извештајот на ОН за среќа. Во најновиот извештај Данска се најде на второт место, а потоа следува Финска. Данска беше на првото место во 2012, 2013 и 2016 година.

Емпатијата исто така се учи преку тимска работа, каде што оние кои се извонредни и оние кои немаат такви квалитети работат заедно. Тоа не само што помага да се разберат меѓусебните позитивни особини, туку се поттикнуваат едни со други за да ја довршат задачата без да се натпреваруваат меѓусебе.

Уште една позитивна програма е CAT-kit. Во таа програма целта е да се подигне емоционалната свест и емпатијата фокусирајќи се на тоа како да се артиклуираат искуствата, мислите, чувствата и емоциите. Постојат картички со лица, стапчиња за мерење на интензитетот на емоциите и слики од телото кои се вклучени во CAT-kit за децата да можат да ги разберат емоциите на кои се изложени, а истовремено и да научат да ги изразат сопствените и туѓите чувства.

„Детето кое е природно талентирано за математика без учење на соработка со другите деца нема многу да напредува. Ќе му треба помош на други теми. Тоа е одлична лекција за подучување на децата од мали нозе дека никој не може да помине низ животот сам“ вели авторката на книгата „Дански начин на родителство: Што знаат најсреќните луѓе во светот за одгледувањето самоуверени, способни деца“.

(SEEBiz)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •