11 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Пристигнуваат нови модели на хуманоидниот робот Софија

Kabtel desktop

Напредокот на роботиката последните години е неверојатен. Денес имаме роботи кои совршено танцуваат, изведуваат вежби како гимнастичари, доставуваат храна, разговараат како луѓе итн. За компаниите во оваа индустрија корона кризата е голема прилика, а така размислуваат и во Hanson Robotics од Хонконг. Можеби на многумина името на таа компанија не им е познато, но тие се креатори на најпознатиот хуманоиден робот во светот – Софија, која меѓу другото се прослави со изјавата дека човештвото треба да се уништи.

Основачот и прв човек на компанијата, Дејвид Хенсон, во разговор за медиумите изјави дека светот после болеста КОВИД-19 ќе биде поинакво место, а една од работите што ќе се сменат е потребата за поголема автоматизација. Приликите кои се отвораат за роботите се големи. На пример, и самиот робот Софија вели дека роботите како неа може да се користат во здравството, но и за нега на постари и болни луѓе.

Хенсон вели дека неговите роботи се единствени затоа што навистина изгледаат како луѓе. Тоа може да биде исклучително корисно во овие времиња кога луѓето се чувствуваат осамени и изолирани. Јохан Хоорн, професор по социјална роботика, која ја проучувал и Софија, се сложува со него. Тој вели дека иако самата роботика и понатаму е во зачеток, пандемијата навистина може да ја зголеми поврзаноста меѓу луѓето и роботите.

Но, здравството е само една од индустриите во кои Софија и роботите како неа може да помогнат. Хенсон вели дека тие своја улога може да најдат и во малопродажбата и во авионската индустрија. токму затоа одлучил да го забрза развојот на роботите и за годинава најави производство и продажба на илјадници роботи, и големи и мали. Еден од новите роботи кои ги развиваат се вика Грејс, која годинава ќе се појави на пазарот, а ќе биде наменета токму за здравствениот сектор.

(Yahoo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •