7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Поради климатските промени Земјата има изгубено лед 28 пати повисок од Монт Еверест

Kabtel desktop

Поради климатските промени во период од 23 години Земјата има изгубено лед во висина од 28 врвови како Монт Еверест. Во текот на деведесеттите години на минатиот век се топеле по околу 0,8 милијарди тони лед, а до 2017 година тој број достигнал 1,2 милијарди тони годишно.

Во извештајот на Европската вселенска агенција ESA, објавен во списанието Cryosphere, научниците предупредуваат дека ледот на нашата планета се топи сдо рекордна брзина, што е последица на климатските промени.

Авторите на истражувањето укажуваат на тоа дека во периодот од 1994 до 2017 година се стопиле околу 28 милијарди тони лед, што е еднакво на блок со дебелина од стротина метри и површина колку Велика Британија.

Научниците изнесоа и податок според кој 1 милијарда тони лед, кога ќе се оформи како коцка, би имал висина поголема од Монт Еверест. Во текот на период од 23 години проучување истражувачите воочија речиси 60% глобално зголемување на топењето на ледот.

„Не изненади тоа што има толку голем пораст за нецели 30 години“ вели Томас Слејтер, глациолог од британскиот Универзитет Лидс и коавтор на студијата. Од 2012 година стапката на топење на ледот на Антарктик се зголемила трикратно во споредба со претходните две децении.

Глобално атмосферската температура е зголемена за околу 1,1 степен Целзиусов во однос на предисторискиот период, но на Арктикот во последните 30 години стапката на загревање е дупло поголема отколку светскиот просек. Новите студии покажуваат дека е се поверојатно сценариото од кое најмногу се плашат научниците. Имено, ако процесот продолжи со исто темпо, многумина мислат дека постојат шанси Арктикот да остане без лед до 2035 година.

Топењето на ледот на Антарктикот и на Гренланд, како и на ледот од планинските глечери во последните 30 години го подигна глобалното ниво на морињата за 3,5 см. Сјелтер предупреди дека подигнувањето на нивото на морињата во овој век ќе има многу сериозни последици на животот на луѓето во крајбрежните предели.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!