1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021

Израел е првата земја во светот која воведе КОВИД беџови

Kabtel desktop

Светскиот првак во вакцинација, Израел, стартува проект за воведување на КОВИД беџови кои со својата боја ќе означуваат дали некој е вакциниран или не и на тој начин тие што тие што примиле вакцина ќе можат да одат во ресторани, на концерти, во теретани, пренесуваат израелските медиуми.

Последните денови официјално се најавува распоредот за излегување на Израел од третиот карантин од почетокот на пандемијата благодарение на интензивната кампања за вакцинација која од земјата направи мала светска лабораторија.

Владата најави систем од беџови: виолетови за тие што не се вакцинирани или примиле само една доза и зелени за тие што примиле и втора доза или оздравеле од КОВИД-19.

Теретаните, спортските и културните манифестации и рестораните ќе бидат отворени за луѓето со зелен беџ, односно за тие што примиле две дози од вакцините или го прележале вирусот. Покрај високиот процент на вакцинирано население, властите планираат од недела повторно да ги отворат теретаните, музеите, трговските центри, рестораните и кафулињата, но тоа нема да важи за сите.

Покрај беџовите, ревацинираните Израелци можат да добијат и „зелен пасош“, кој им овозможува повторно да влезат во земјата после патување во странство без да одат во карантин, но и понатаму ќе се бара негативен тест на КОВИД-19.

Досега во Израел се вакцинирани 4 милиони луѓе или 45% од населението, од кои 2,6 милиони ја имаат примено и втората доза од вакцината. Тоа е највисок процент на вакцинирани во светот. Ефикасноста на вакцината на компанијата Pfizer е 95%, а можноста некој што ќе прими две дози од вакцината повторно да се зарази со корона вирусот е 1:1000, покажуваат податоците на израелската здравствена служба Макаби.

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •