14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Европската комисија предлага укинување на роамингот до 2032 година

Kabtel desktop

Европската комисија вчера предложи процедурални уредби со кои се укинува роамингот за наредните десет години. Сегашната уредба, со која е укинат роамингот во ЕУ и во Европскиот економски простор, истекува во 2022 година. Сега се предлага тоа да се продолжи до 2032 година. Освен тоа, новата уредба ќе им осигура на потрошувачите право на квалитет и брзина на конекцијата во своите мобилни мрежи во странство како и дома, каде што се достапни истите мрежи. Новите правила значат и поефикасен пристап за итните служби.

Според истражувањето на Евробарометар, 33% од луѓето кои патувале во ЕУ се жалеле на намалена брзина на мобилниот интернет кога се во странство во однос на брзината која ја имаат дома. Според новиот предлог, тоа повеќе нема да смее да се случува. Тоа значи дека ако кориснциите имаат 4G, а се повеќе и 5G како дел од претплатата, не би требало да имаат понизок стандард во роаминг кaде и да се достапни тие мрежи.

Комисијата се одлучи за новата уредба затоа што смета дека уште не се созреани условите тоа да го регулираат самите пазари. Надоместот за роаминг беше укинат уште во јули 2017 година. Користењето на роаминг е зголемено 17 пати во 2019 година во текот на летото во однос на летото 2017 година.

(Zimo)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •