Во Сингапур се тестираат автономни автобуси во јавен сообраќај

- Advertisement -

Во Сингапур се воведени автобуси без возач во својот систем за јавен превоз во овој повеќе милионски град …Како што пренесува Авто Клуб, тие автобуси на почетокот ќе работат на две линии во пробен период од три месеци (до 30 април)

Цело време ќе се собираат обемни податоци за работата на овие автобуси, како и за безбедноста на патниците во нив, а по истекот на пилот-проектот, ќе се донесе одлука за нивната исплатливост и употребливост.

- Advertisement -

Автобусите ги дизајнираше компанијата ST Engineering, додека компанијата GPS Lands била задолжен за нивната изработка, а тестирањето го презедоа транспортните компании SBS Transit и SMRT.

Инаку, станува збор за минибуси превозни средства долги седум метри, со по 10 места, како и автобуси долги 12 метри со 26 места.

- Advertisement -

Во исто време, тие работат на дизајнирање програма за преквалификација на возачите на автобуси, кои доколку автономните автобуси влезат во комерцијална употреба, би добиле некои нови надлежности.

Сето ова се случува во согласност со сетот на национални стандарди, донесени во 2019 година, кои се патокази за тоа како да се развиваат автономни возила на сигурен и на безбеден начин, со препораки за однесувањето на возилата, функционалната и „сајбер“ (софтверска) безбедноста, како и на форматите во кои до податоците ќе се доставуваат за обработка.

- Advertisement -

Овие стандарди се нарекуваат Technical Reference 68 -TR 68 (Технички референца 68 TР 68) и претставуваат основа не само за постигнување безбедност во користењето, туку и за создавање интероперабилност, како и за полесна размена на податоци помеѓу автономните возила на различни производители.

Сподели!
- Advertisement -