14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Триесет отсто од производството на енергија во државава е од обновливи извори

Kabtel desktop

Триесет проценти од прозводството на електрична енергија во земјава се од обновливи извори, што е блиску до просекот земјите од ЕУ, рече денеска премиерот Зоран Заев при увидот на реконструираната градинка во општина Карпош.

„Во моментот сите хидроцентрали што ги имаме во државата, ветерниците кои ни се поставени во моментот 30 проценти во државата што произведува енергија се од обновливи извори за енергија и тука сме блиску до европскиот просек. Ние не сме многу назад од европскиот просек“, рече премиерот.

Тој вели дека има основани причини да верува дека повеќе од 50 отсто ќе бидат обновливи извори на енергија во составот на севкупното призводство на енергија во Република Северна Македонија.

„Фокусот кон целосно прилагодување и промена на јагленот како главен извор на производствена енергија со обновливи извори на енергија е еден од најголемите фокуси во државата, каде што се насочени сериозни капацитети и ресурси и впрочем тоа се најголемите инвестициски потенцијали што се случуваат во моментот. Најбрза инвестиција и најбрз можен начин за раст на БДП е инвестицијата во енергија посебно во обновливи извори на енергија. Овде спаѓаат фотоволтаиците. Сонцето мора да го користиме максимум за поризводство на електрична енергија“, рече Заев.

Фотоволтаиците, како што додаде, се нешто во кое во моментов најмногу се инвестира. 

(МИА)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •