И Куба има свои вакцини против КОВИД-19

- Advertisement -

Куба работи на развојот на четири кандидати за вакцина против корона вирусот. Soberana 2 вакцината, како и Novavax во Америка, е вакцина базирана на рекомбинирани белковини. Кубанскиот кандидат за вакцина против корона вирусот во четвртокот влезе во трета фаза од испитувањата, а тоа е првата вакцина од латиноамериканска земја која стигнала толку далеку.

Веќе почна тестирањето на 44.000 доброволци на возраст од 19 до 80 години за вакцината Soberana 2. Првите вакцини ќе бидат дадени во Хавани идната недела. Доброволците ќе бидат поделени во три групи: некои ќе примат две дози од вакцината на растојание од 28 дена, втората група ќе добие две дози и дополнително трета за зајакнување на имунолошкиот систем, а третата група ќе добие плацебо.

- Advertisement -

Третата фаза од испитувањето ќе заврши за три месеци откако ќе биде примена третата доза од вакцината. Меѓутоа, ако резултатите се ветувачки, одобрението за итна употреба ќе се бара пред тоа.

Оваа комунистичка држава, која објави дека годинава сака да ги вакцинира сите свои жители, беше релативно поштедена од пандемијата на КОВИД-19 со само нешто повеќе од 53.000 забележани случаи и 333 починати на популација од 11,2 милиони луѓе.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -