14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Sony осмисли систем кој секој предмет го претвора во контролер за играчка конзола

Kabtel desktop

Гејмерите добро знаат дека една од потрошните компоненти на секоја играчка конзола е контролерот. Во зависност од тоа колку некој ќе се внесе во играта и ќе го „малтретира“ контролерот, некои контролери може да траат со месеци, додека други само неколку недели, Но, изгледа дека Sony има добра идеја како да го реши тој проблем и да им овозможи на гејмерите секој предмет да го претворат во контролер.

Според податоците до кои дошол сајтот GamesIndustry.biz, Sony предал барање за патентирање на технологија која кој било предмет може да го претвори во контролер за играчка конзола. Системот се состои од единици за внес, кои можат да примат слика од пасивен, неосветлен предмет кој корисникот го држи во рака како контролер за видеоигра. Системот, исто така, се состои од детектори за предмети и детектори за положба на предметите, кои препознаваат како и каде се држи контролерот, се вели во патентот.

Според описот во патентот, системот со помош на камери поставува виртуелни копчиња на предметите, во зависност од положбата во која го држи гејмерот. Тоа значи дека најмногу може да профитираат сериозните играчи кои не мора да размислуваат кое копче каде се наоѓа, туку автоматски ги притискаат.

Од друга страна, секој што купувал играчки конзоли знае дека со секоја нова генерација конзоли има и нови контролери. Со овој систем со истиот контролер ќе може да се управуваа игри на различни конзоли. Исто така, значи дека една игра ќе може да ја играат неограничен број пријатели зашто само ќе треба да се активираат дополнителни виртуелни контролери.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •