15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Samsung претстави телефон за најневнимателните луѓе

Kabtel desktop

Samsung претстави издржлив паметен телефон наменет за луѓето кои слободното време го поминуваат на отворено – Galaxy XCover 5. Телефонот нуди комбинација од отпорно куќиште и едноставност за користење, а технички е оптимизиран за работа со ракавици и дополнително опремен со заменлива батерија која лесно се полни за да ги издржи и најинтензивните работни саати.

Galaxy XCover 5 е паметен телефон кој е комбинација од едноставност на користење и отпорен дизајн за да корисниците да им овозможи мобилност на нивните работни места. Без оглед на тоа дали Galaxy XCover се користи во екстремни услови како високи температури или на дожд или снег, овој паметен телефон ќе ги издржи сите предизвици кои ја зголемуваат продуктивноста, велат од Samsung.

Galaxy XCover 5 доаѓа со различни технолошки решенија за намалување на влијанието на надворешните услови на самиот уред. Така, има Enchanced shock apsorption заштита која го штити од пад до висина од 1,5 метри, како и водоотпорен дизајн со IP68 сертификат, кој ќе издржи 30 минути под вода и дополнителна заштита од ситни честички. Опцијата Glove Touch нуди прецизна осетливост на екранот на допир кога се носат ракавици.

За да се заштитат компонентите на паметниот телефон и складираните податоци, телефонот Galaxy XCover 5 е осигуран со помош на Samsung Knox повеќеслојна безбедносна платформа која овозможува заштита на чипот и на апликациите.

Galaxy XCover 5 има и бројни можности за синхронизација со други уреди како воки-токи функцијата во Microsoft Teams апликацијата за меѓусебна комуникација. Корисникот, исто така, може самостојно да ги одреди најбитните апликации за брзо стартување со помош на посебниот интерфејс.

Опремен со моќниот процесор Exynos850, 4GB работна меморија и до 64GB простор за складирање, заменлива батерија со моќност од 3000 mAh, која поддржува полнење со USB и POGO влез. Има една задна камера од 16 MP, која ќе обезбеди острина на фотографиите и видеата, додека на предната страна има 5 MP.

Galaxy XCover 5 ќе биде достапен од овој месец на избрани пазари во Азија, Европа и во Латинска Америка.

(Zimo)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •