12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Нови цени на горивата

Kabtel desktop

За денар до денар и половина се зголемуваат цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за еден денар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 1,50 денар.

Според тоа, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС -95 ќе биде 67,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 69,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по цена од 57 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 46,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,211 денари за килограм.

(МИА)

(фото: WallpaperFlare)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •