4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Градот-градина во Копенхаген е идилично место за дружење со соседите

Kabtel desktop

Овие зелени тркала се посебен стил на еколошко живеење во данскиот град Копенхаген. Станува збор за еколошка населба која нуди бегство од градскиот живот, хаотичниот сообраќај и асфалтот.

Garden City или градот градина беше создаден во минатиот век и е дизајниран за поттикнување на здравата социјална интеракција. Инспирацијата за населбата дошла од изгледот на старите села каде што луѓето имале навика да се собираат на средина на селото за да разменуваат вести, но и едноставно да се дружат.

Куќите се рљаспоредени во кругови, а на средината во населбата има централен цементиран дел кој е заеднички за сите. Помеѓу има доста зеленило. Куќите може да се изнајмат во периодот од април до октомври и се особено популарни за садење бавчи.

Дури и да не сте љубители на градинарството можете да изнајмите куќа за едноставно да се дружите со луѓето таму, да се напиете пиво заедно или да направите скара.

Тоа е доволно за да сфатиме зошто луѓето сакаат да одат таму.

(Team Sario, YouTube)

(фото: Instagram screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •