25.8 C
Skopje
петок, јуни 25, 2021

Facebook конечно ни овозможува сами да контролираме што гледаме на News Feed

Kabtel desktop

Социјалната мрежа Facebook конечно на корисниците им ја олеснува контролата над News Feed, односно почетната страница и на алгоритмот кој е одговорен за објавите на почетната страница. Меѓу неколкуте нови функции кои ги претстави Facebook се наоѓа и таа која овозможува исклучување на алгоритамското редење на содржините кога ќе притиснете на копчето Home.

Со новото ажурирање подобро е позиционирана и функцијата приказ на најновите објавени содржини. Ова постоеше и претходно, но беше добро „сокриено“ меѓу некои други опции, а честопати и не беше функционално како што треба.

Филтрите Favorites и Recent исто така сега се поставени на значително поистакната позиција – веднаш на врвот на почетната страница. Како што пишува порталот The Verge, овие иновации доаѓаат со едно големо „НО“ – ако не ги користите Favorites или Recent седум дена, филтрите ќе исчезнат, па повторно ќе мора да ги активирате од менијата во News Feed.

Новото ажурирање моментално е достапно само за Android апликацијата на Facebook, а се очекува наскоро да биде овозможено и за iOS.

(akta.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •