34.8 C
Skopje
петок, јуни 25, 2021

Њујорк го лансираше првиот дигитален КОВИД пасош во светот

Kabtel desktop

КОВИД-19 пасошите станаа реалност во државата Њујорк во САД откако нивното лансирање го објави гувернерот Ендрју Куомо. Дигиталниот пасош наречен Excelsior Pass е доказ дека тој што го поседува е вакциниран или неодамна имал негативен тест на КОВИД-19.

Кога сакате да го прикажете можете да користите виртуелен паричник од својот телефон за Android или iOS или QR код кој е потврда дека не сте закана за зараза кога одите на концерт или претстава во театар. Институциите или компаниите кои ќе ги контролираа пасошите веќе имаат можност за преземање посебни апликации за скенирање на Excelsior Pass или на QR кодот со помош на смартфон.

Првите установи кои ќе бараат дигитален КОВИД пасош од своите посетители ќе бидат Медисон Сквер Гарден во Њујорк и Тајм Јуниот центарот во Албани.

Гувернерот Куомо истакна дека пасошите ќе бидат исклучиво на доброволна база, а ќе може да ги користат и поединци и компании. Исто така, додаде дека пасошот не ги складира здравствените податоци на корисникот, а комбинацијата од повеќе безбедносни системи како блокчеин генератор на кодови и енкрипција ќе помогнат да се зачува приватноста и да се спречи издавањето фалсификати.

(Akta.ba)

(фото: NY.gov)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •