14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Нов систем ја претвора отпадната топлина од клима уредите во електрична енергија

Kabtel desktop

Клима уредите се штетни за климатските промени, но овој нов систем може да помогне во тоа. Имено клима уредите се едни од најголемите виновници за климатските промени, а тој проблем е нешто што технологијата досега не успеа ефикасно да го реши. Иако се неопходни во летните месеци, клима уредите произведуваат доволно топлина во текот на реботењето и честопати испуштаат штетни гасови.

Со цел да се постигне енергетска ефикасност на ладењето професорот Мајкл Леунг Квок-хи од Градскиот универзитет во Хонгконг работи на нова технологија која ќе ја претвора топлината која се создава како нуспроизвод при ладењето во електричне аенергија. Иако ова не е нов концепт, технологијата која се користи на овој начин досега работеше само на температури од 200 степени Целзиусови и нагоре, што значи дека не може да се употреби за клима уредите, кои генерираат многу пониска температура.

Новиот систем за клима уреди соджри интегрирани термонаука и нанотехнологија, кои заедно се викаат термална нано технологија (TNT). Професорот Леунг сака да успее да ја залови целата топлина која ја испуштаат клима уредите и да ја претвори во електрична енергија. Потоа таа електрична енергија ќе може да се користи за работење на самиот клима уред или за друга намена. На тој начин не само што се постигнува енергетска ефикасност, туку и почист воздух.

Преку моделирање и експерименти докажано е дека новиот TNT систем може да го зголеми коефициентот на перформансите на лима уредот и да се намали потрошувачката на енергија за 20%.

(Interesting Engineering)

(фото: Wallpaperuse)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •