14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Лани во светот инсталирани рекордни 260 гигавати во капацитети од обновливи извори на енергија

Kabtel desktop

Минатата година во светот, во новите капацитети од обновливи извори на енергија се инсталирани рекордни 260 гигавати (ггв.) и покрај пандемијата од ковид-19, покажуваат податоците на Меѓународната организација за обновлива енергија ИРЕНА.

Kако што пренесува МЕТА, во нејзиниот извештај: „Статистика на обновливите капацитети 2021“, се вели дека новите капацитети за производство на енергија од обновливи извори, лани биле за 50 отсто зголемени во споредба со оние кои почнаа со работа во 2019 година.

Учеството на обновливата енергија во сите нови капацитети значително се зголемува веќе втора година по ред, така што 80 отсто од новите постројки инсталирани лани, произведуваат електрична енергија од обновливи извори, при што доминираа сончевата енергија и ветерот. Новите соларни инсталации се со вкупна јачина од 127 ггв., а силата на ветерот е искористена со 111 ггв.

Лидер во раздвижувањето на новите постројки од обновливи извори на енергија е Кина, која минатата година инсталираше 136 ггв., додека САД имаа инсталирано капацитети со јачина 29 ггв., што е речиси за 80 отсто повеќе од 2019 година.

Според ИРЕНА, сѐ поголемото учество на обновливите извори на енергија делумно може да се препише на забавувањето на изградбата на капацитетите на фосилни горива во Европа, Северна Америка и, за прв пат, во цела Евроазија. Лани вкупно се инсталирани 60 ггв. вакви капацитети, во споредба со 64 ггв. од претходната година.

Податоците покажуваат и дека на крајот на 2020 глобалниот капацитет на обновливите извори на енергија изнесуваше 2.799 ггв., при што најголемо е учеството на хидроенергијата, 1.211 ггв.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •