19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Шведски Volvo на сите свои вработени им дава 6-месечно родителско отсуство независно од полот

Kabtel desktop

Шведскиот производител на автомобили Volvo на сите свои вработени ширум светот им го зголеми платеното родителско отсуство на 24 недели, независно од полот. Volvo на новите мајки моментално им дава шест месеци платено отсуство, но ги почитува локалните прописи за татковците.

Според новата политика која стапи на сила на 1 април, сите вработени кои работат во компанијата најмалку 1 година, вклучувајќи ги и работниците во фабриките, можат да земат родителско отсуство во траење од 24 недели во текот на кои ќе добиваат 80% од платата.

Програмата ги опфаќа сите категории на родителство, било да се родени или посвоени деца или сурогат родителите. Право на вакцо отсуство имаат и родителите во истополови бракови.

Шведска е една од ретките земји кои веќе законски нудат отсуство за двата родители. Иако шведските компании вообичаено се дарежливи кога станува збор за родителското отсуство, Volvo ќе ја прошири политиката на својата глобална работна сила, вклучувајќи ги и вработените во САД и во Кина.

Отприлика една третина од повисоките менаџери во Volvo се жени. Компанијата работи на тоа да го зголеми тој удел на 50% . Освен тоа, новата политика на компанијата Volvo е да ги подобри условите за луѓето кои се на породилно отсуство.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •