19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Шестиот пакет мерки oпфаќа финансиска помош за околу 10.000 компании и 60.000 вработени

Kabtel desktop

Владата го презентираше шестиот пакет антикризни мерки, проектиран на 17,8 милиони евра. Станува збор за таргетирана финансиска помош што ќе ја добијат околу 10.000 компании и 60.000 вработени.

Пари во државниот буџетот за исплата на овие средства има. Но, состојбата и натаму будно се следи, се анализираат екномските параметри. Ако се оцени дека е потребно, како што велат надлежните, ќе се интервенира повторно.

Со шестиот пакет се опфатени 12 категории дејности меѓу кои: угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки, ноќните клубови, рестораните за свадби, ивент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за туристичките агенции, како и за медиумите, а планирани се и бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои ќе престојуваат во земјава.

И додека во Владата вицепремиерот Фатмир Битиќи заедно со ресорните министри го презентираше пакетот, туристичко-угостителските работници протестираа. Под мотото „Ќе можете ли“ уште еднаш побараа еднократна финансиска помош за да продолжат со работа. Сопствениците на угостителските објекти, ресторани за свадби, игротеки, туристички агенции, туристички водичи и членови на Туристичката комора предупредија дека без соодветна и навремена помош ќе бидат принудени да стават клуч, поради што ќе бидат загубени и многу работни места.

-Ставаме на располагање 17,8 милиони евра, таргетирана финансиска поддршка за 12 категории на економски дејности, 17,8 милиони евра со кои ќе се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени, наши сограѓани. Од самиот почеток на кризата Владата носи сеопфатни мерки на секои три до четири месеци, во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, образложувајќи го шестиот пакет.

Тој нагласи дека со пакетот на угостителските објекти ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите, но тие ќе добијат и дополнителни 15.200 денари за секој вработен. За оваа намена се предвидени 9,9 милиони евра. Се очекува да бидат опфатени 6.000 угостителски објекти со околу 17 илјади вработени. Со околу 2,5 милиони евра ќе бидат поддржани приватните детски одмаралишта, ноќните клубови, игротеките, рестораните за свадби, ивент индустријата, фитнес центрите и фотостудијата. Во оваа категорија, според проценките, спаѓаат околу 1.200 компании на кои ќе им бидат покриени околу 30 проценти од приходите и дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •