19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Канаѓани пронајдоа начин да ја намалат емисијата на CO2 – градат домови направени од марихуана

Kabtel desktop

Канаѓани пронајдоа начин да ја намалат емисијата на СО2 и истовремено да изградат одржливи и еколошки домови. Тие пронајдоа начин да ја искористат марихуаната за блокови за градење.

Марихуаната се компресира и се оформува во блокови слични на лего коцки. Тие блокови лесно се лепат и формираат совршени еколошки мазни ѕидови. Најбитно од се е што со блоковите од марихуана може да гради секој.

Системот користи индустриска марихуана како основа за правење на блоковите. Марихуаната е одржливо, обновливо растение кое е отпорно на високи температури и на суша. Дури помага и за намалување на ефектите од штетните стакленички гасови во атмосферата.

Еден хектар насад со марихуана може да апсорбира над 10 тони јаглерод диоксид годишно. Тоа е четири пати повеќе отколку што моѓат да апсорбираат стари дрвја во шумите.

Идејата да се користи марихуаната како материјал за градење не е нова. Римски инженери ги користеле влакната од марихуаната во малтерот со кој правеле мостови за да бидат поцврсти.

Новиот систем го создадоа канадски инженери и ќе може да се користи каде сакате затоа што блоковите се прават во секакви форми. Производителите на цемент се одговорни за околу 7% од глобалната емисија на CO2 секоја година и потребни се огромни количини варовник за да се произведе цементот.

Додека, зелените алтернативи како овие блокови од марихуана може да променат се.

(Waste-Ed)

(фото: Facebook screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •