19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Аплицирање на натпреварот „Зелени идеи 2021“ уште две недели

Kabtel desktop

Во тек е пријава за последната работилница за апликанти кои сакаат да добијат поддршка и менторство за пополнување на формуларите и повик за бесплатен промотивен материјал за сите кои сакаат бесплатно да добијат садлива еко-картичка од која никнува цвеќето пркос. Сите граѓани кои имаат идеја или постоечки бизнис со кој се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик можат да аплицираат на натпреварот „Зелени идеи“ кој е во тек.

На натпреварот, отворен за апликации уште две недели, можат да учествуваат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании со годишен профит не поголем од 10.000 евра.

Здружението за социјални иновации „АРНО“информира дека оваа година, ќе додели 1000 долари за бизнис концептот и по 2000 долари за бизнис идеите кои ќе бидат избрани во финалето како три македонски победнички идеи. Дополнителна поддршка ќе доделат и партнерите: Фонд за иновации и технолошки развој, МКА2000 и Македонија 2025.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја.свс/лв/

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •