19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Објавени новите цени на горивата

Kabtel desktop

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,26%  во однос на Одлуката од26.04.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 ден/кг и сега ќе изнесува 34,443 ден/кг.

Од 5.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           67,00   (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            69,00   (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      59,00   (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             58,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      34,443  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,243%, дизелот за 2,111%, екстра лесното масло зголемувањето е за 1,287%  и кај мазутот за 0,048%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,524%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.5.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 26.4.2021), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95 (цените во ЕУ земјите се од 26 април 2021)

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
С. Македонија 0,958 1,088
Австрија                         1,170 1,218
Бугарија 1,081 1,081
Хрватска 1,295 1,371
Германија 1,310 1,522
Грција 1,317 1,600
Италија 1,438 1,577
Унгарија 1,160 1,169
Словенија 1,190 1,172

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •