19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Луѓето што редовно вежбаат имаат 50% повеќе антитела после вакцинирањето против корона вирусот

Kabtel desktop

Резултатите од ново истражување на Универзитетот Глазгов Каледониан покажаа дека редовната телесна активност го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува ризикот до болести и смртни исходи од заразни болести, а значително ја зголемува и ефикасноста на вакцините. Доколку вежбате редовно, веројатноста дека ќе имате повеќе антитела отколку некој што не е физички активен е дури 50%, тврдат британските научници.

И од порано се знаеше дека физичката активност е најефикасен начин на превенција на хронични болести, покрај здравата исхрана и одвикнувањето од пушењето. Студија од 2008 година покажа дека телесната неактивност е одговорна за над 5 милиони прерани смртни случаи секоја година.

Истражувањето на професорот Себастијан Частин, водител на новата студија, и неговите колеги од Универзитетот Глазгов Каледониан ги вклучува сите достапни докази кои посочуваат на врска меѓу телесната активност и ризикот од заболување и смртен исхор од заразни болести и ефектите врз имунолошкиот систем и резултатите од вакцинирањето. Частин вели дека студијата е спроведена многу порано, на самиот почеток на пандемијата, па не ги опфатила ситражувањата кои се однесуваат на КОВИД-19, но тврди дека добиените резултати се многу релевантни и за актуелната пандемија.

Врз база на шест посебни истражувања во кои учествувале повеќе од половина милион учесници се покажало дека 30-минутна телесна активност 5 дена во неделата го намалува ризикот од заболување и смртен исход од заразни болести за дури 37%. Тие откриле и докази според кои редовната телесна активност го зајакнува имунолошкиот систем. Преку 35 независни контролни испитувања, што е златен стандард за научни докази, се покажали дека редовната телесна активност го зголемува нивото на имуноглобулин, односно антитела.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •