25.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Го лансиравме A1 Future Hub, програма за развој која ќе ги подготви колегите за тоа што ги очекува во иднина!

Kabtel desktop

А1 Македонија се подготвува за иднината – ја засилува својата култура на учење, стекнување вештини и се фокусира на дигиталниот и флексибилен начин на работење

Додека дел од компаниите во нашата држава во изминатиот период имаа навистина голем предизвик со организирање на вработените и нудење флексибилни услови за работа во време на пандемија, А1 Македонија беше една од ретките компании кои беа подготвени за новите услови и овој период го искористи за учење и професионален напредок на целиот свој тим.

Од разговорот со Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија дознаваме како тимот на А1 се подготвува за иднината, односно како компанијата успеа да изгради стабилна култура на учење и стекнување вештини, за дигиталниот начин на работење и флексибилното работно време и место.

  • А1 Македонија неодамна ја започна програмата A1 Future Hub за развој и надградба на секој еден вработен во компанијата. Што опфаќа оваа програма и што ја прави поразлична од другите програми кои до сега сте ги имале за формално и неформално учење?

Со сите нови предизвици што ни ги донесе 2021 и изминатата 2020, луѓето беа принудени да ги менуваат навиките, начинот на кој што се исполнуваат обврските и воопшто, да прифаќаат нови начини како нештата да се испорачаат подобро. Тоа само по себе беше одлична можност за развој, секако во контекст на тоа што му е потребно на секој колега да биде успешен на своето работно место. Овој период донесе и забрзана имплементација на дигиталните алатки, но и многу поголема достапност на содржините за учење.

A1 Future Hub е најтемелно разработената и најопфатната програма за развој и надградување што сме ја имале до сега во А1 Македонија, а која е наменета да ги подготви колегите за тоа што ги очекува во иднина. Програмата вклучува модули за личен и професионален развој на вработените со фокус на 3 подрачја: Развој на лидерските вештини, Идни и дигитални вештини и Функционални знаења.

Треба да напоменеме дека развојот не завршува со комплетирање на обуката, тоа е само почеток на процесот на подготовка на тимот на А1 Македонија за иднината.

  • Рековте дека програмата A1 Future Hub е наменета за да ги подготви вработените на А1 за иднината, односно да им даде вештини на иднината. Кога ќе бидат видливи првите резултати од оваа програма?

Првите резултати треба да станат видливи веднаш по завршување со обуките. За вистински развој можеме да зборуваме само ако организацијата создаде услови за практична апликација на новите знаења на секое работно место. Дури тогаш можеме да зборуваме за промена на однесувањето на вработените во насока на постигнување на нивниот целосен потенцијал и придонес кон успехот на организацијата.

Со гордост можам да констатирам дека ние, во А1 Македонија на време се вклучуваме во трендовите кои го дефинираат работното место на иднината, во услови на забрзан развој и имплементација на новите технологии и начини на комуникација врз глобалните економски движења. Проактивно ги обликуваме нашите вработени за иднината на работата, преку учење и напредок. Сметам дека со програмата A1 Future Hub ќе им помогнеме на колегите да го постигнат својот полн потенцијал и со тоа да придонесат за поголем успех на организацијата.

  • Препознаени сте како компанија која вложува во своите вработени и нивниот напредок, што е култура на учење и зошто е важно да ја градите и надградувате?

Културата на учење во А1 Македонија се базира на постулатот „постојано учење“ односно ставот на организацијата дека за успех во кариерата, вработениот мора постојано да учи за да ги надградува и надополнува своите знаења и вештини.

Денес, повеќе од било кога претходно, развојот на индивидуата и свеста за потребата од промена на одредени вештини е тема за постојана дискусија на сите нивоа во организацијата. Секако, тука е и мотивацијата да се материјализира учењето преку практичната примена на новите знаења и однесувања на работното место. За да останеме конкурентни на пазарот, треба да бидеме иновативни, флексибилни и да не се плашиме од промени.

Како што дигиталната трансформација го менува работното место така се повеќе станува јасно дека најкритичен фактор, кој ќе овозможи искористување на сите предности од оваа промена се вработените кои ќе знаат да ги користат дигиталните алатки и се флексибилни да ги прифатат новите начини на работа.

  • А1 Македонија и пред пандемијата беше една од ретките големи компании која овозможи флексибилно работно време и место за своите вработени. Како денес изгледа работата во компанијата, што е она што ни го донесе “новото нормално” и какви се според вас трендовите во новите начини на работа?

А1 Македонија во 2019 година постави нови стандарди и го воведе флексибилниот модел на работа „А1 Flexi“ со што се поставивме како агилна компанија која на вработените им понуди флексибилен начин на работа, се со цел да создадат подобар баланс на приватното време и времето поминато на работа.

Овој модел на работа е одлично прифатен од нашите колеги, бидејќи создава подобра работна средина, позитивно влијае врз продуктивноста и мотивираноста, а со тоа и врз резултатите на компанијата.

Меѓутоа „новото нормално” ни донесе промена во начинот на исполнување на работните обврски, каде флексибилноста доби на вистинско значење, а посебно во услови кога секој вработен во исто време менаџира и работни обврски, но и стравови за безбедноста на своето и здравјето на најблиските.

Во изминатиот период се зголеми довербата помеѓу вработените, чувството за лична одговорност кон работните обврски, но и емпатија во контекст на тоа што го преживувавме справувајќи се со епидемијата.

Како трајни придобивки ќе ни останат користењето на дигиталните алатки, намалувањето на потребата од физички средби, мобилни и флексибилни форми на креирање на работното време и работниот однос и нови начини на градење на односите и културата во компаниите. Горд сум што сме лидери меѓу големите компании во обезбедувањето агилен, дигитален и онлајн начин на работење.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •