Руски научници создадоа вештачка кожа која помага за затворање на рани

- Advertisement -

Научници од Институтот за теориска и експериментална физика при руската Академија за науки создадоа уникатна ткаенина за преврзување рани, која ја нарекоа вештачка кожа.

Т.н. кожа се нанесува на рана за да ја заштити од инфекции и физички оштетувања, а истовремено овозможува раст на клетките и осигурува дека раните нема да останат влажни или суви додека се под ткаенината.

- Advertisement -

Вештачката кожа е направена од колаген исполнет со дермални клетки, кои се нарекуваат фибропласти, и слој од епителни клетки (кератоницити) кои наликуваат на човечката кожа. Овој тенок материјал го забрзува заздравувањето на раните, пишува Sputnik News.

Научниците изјавија дека е потребно два дена за да зарасне раната, дури и ако станува збор за сериозна повреда. Најсовремената технологија е развиена во рускиот град Пушчино, каде што е седиштето на Институтот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -