7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Дисоска: Состојбата на жените претприемачи е на стаклени нозе

Kabtel desktop

Генерално состојбата на жените претприемачи е на стаклени нозе затоа што во услови на здравствено економска криза економијата е многу падната, оцени Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво и на Здружението на бизнис жени.

Нагласи дека жените имаат проблем во основањето, водењето и секојдневните активности во своите бизниси заради, како што рече, поголемиот товар што го имаат во семејството.

-Ние се уште сме патријархално општество и се уште  велиме дека жената се грижи за децата и за семејството. Според одредени истражувања, жената троши четири часа повеќе дневно за грижата и севкупните активности во семејството отколку мажите. Затоа мораме да работиме на родова еднаквост и на избалансирана активност во семејството за да може жената своите економски активности да ги води на изедначен начин со мажите, рече Дисоска во одговор на прашање пред промоцијата на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“.

Таа нагласи дека во државата нема статистички податоци за родова поделеност.

-Во Националната стратегија за женско претприемништво е напишано дека заедно со Заводот за статистика ќе работиме за да добиеме информации кои се родово поделени во врска со претприемништвото, бизнисите, водењето на бизнисите за да можеме да ги следиме. Само со точни податоци  можеме понатаму да креираме политики, рече Дисоска.

Согласно неформалните бројки кои ги имаат, како што рече, околу 30 отсто претпријатијата се во сопственост на жени претприемачки.

-Тоа не значи многу во обртот и во финансиите. Тоа значи дека имаме толкав број на основани компании со над 51 отсто учество на жени претприемачки. Сепак, обртот кои го имаат тие компании е многу мал и изнесува околу девет отсто од целокупниот обрт на компаниите. Затоа мора да работиме на зајакнување на компаниите за да можат повеќе да придонесат за претприемачките и за општеството, нагласи таа.

Според податоците кои ги прочитала, како што кажа, околу 17 000 жени во последната година останале без работа, а нема податоци за затворени компании во сопственост на жени.

-Во периодот на пандемијата дефинитивно имаме намалување на економските активности на жените претприемачки затоа што тие најчесто се во услужните дејности од кои голем број беа затворени и воопшто  не функционираа. Оние кои успеа да преживеат или ги отпуштија вработените или, пак, се веќе пред затворање. Мерките од Владата придонесоа за дел од нив да можат да опстојат, но тоа не значи дека се на здрави нозе. Верувам дека во наредниот период ќе имаме подобрена економска состојба и ќе имаме зајакнати мерки за помош на претприемништвото за да можеме да се вратиме во нормала, потенцира Дисоска

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!