Кинескиот ровер почна со истражување на површината на Марс

- Advertisement -

Моторизираниот кинески ровер кој се контролира на далечина се спушти од својот лендер на Марс и тргна во истражување на површината на Црвената планета, соопшти кинеската вселенска управа.

Роверот слета на Марс минатата година во технички тешка мисија која е потешка од слетувањето на Месечината. Тоа е првата кинеска мисија на Марс. Кина е втората земја после САД која спушти ровер на Марс.

- Advertisement -

Роверот се вика Zhurong, што на кинески значи бог на огнот. Роверот правеше дијагностички тестови неколку дена пред да тргне денес во истражување. Се очекува дека во текот на 90 дена да истражува дали постојат докази за живот на Марс.

Кина има амбициозни вселенски планови, вклучувајќи лансирање на орбитална станица со екипаж и спуштање на човек на Месечината. Кина во 2019 година стана првата земја која спушти вселенско летало на малку истражуваната страна на Месечината, а во декември 2020 година донесе месечеви камења на Земјата по прв пат после 1970-тите години.

- Advertisement -

(N1)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -