-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Moderna објави дека нивната вакцина е безбедна и за тинејџери – во САД ќе почне вакцинација пред новата учебна година

Kabtel desktop

Испитувањата на вакцината против КОВИД-19 на компанијата Modernа покажаа дека вакцината е безбедна и ефикасна за тинејџери. Примената на новата вакцина може да ја зголеми севкупната количина на пазарот наесен, пред почетокот на новата учебна година.

На почетокот на јуни ќе ги предадем резултатите од истражувањата на увид на американската Управа за храна и лекови и глобалните регулатори и ќе побараме одобрение за примена на нашата вакцина на тинејџери на возраст од 12 до 17 години“ изјави извршниот директор на Modernа, Стефани Бансел.

Компанијата ги објави позитивните рзултати од истражувањата отприлика две недели откако Управата известила дека адолесцентите на возраст од 12 до 15 години ги исполнуваат условите за примање вакцината на Pfizer-BioNTech.

Во клиничките испитувања на Modernа учествувале 3.732 адолесценти. Едната група добила вакцина на Modernа, а другата плацебо. Ниеден учесник во истражувањето кој добил две дози од вакцината на Moderna не развил симптоми на КОВИД-19, во споредба со четири забележани случаи на зараза кај групата што примала плацебо.

(Dnevnik.hr)

(фото: Freepik)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!