ЛинкАкрос нуди смарт сала за обуки, работилници, трибини, едукативни настани или деловни состаноци

- Advertisement -

Невладината организација ЛинкАкрос (www.linkacross.org) од оваа година нуди нова услуга за компаниите и невладините организации од Скопје. Станува збор за смарт сала во нивниот Центар за развој со можност за виртуелно и физичко присуство со капацитет до 30 лица. ЛинкАкрос Центарот за развој се наоѓа наспроти трговскиот центар “Лептокарија” во Скопје и е место за организирање на обуки, работилници, трибини, едукативни настани или деловни состаноци. Центарот овозможува комфорен простор, аудио и видео проекција, стриминг и снимање. Поседува високо квалитетна аудио и видео опрема, и нуди можност за професионално снимање на настаните. Во рамките на центарот има кујнски простор кој овозможува сервирање на кафе и чај, како и лоби и голема тераса.

Досега, во самиот центар се одржани неколку успешни обуки, меѓу кои се обуки за дигитален маркетинг во туристичката, земјоделската и текстилната индустрија со Верица Јорданова и Блета Бегу, други обуки за мали и средни бизниси во рамките на проектот GrowBiz, како и обуки за здрав животен стил со д-р Александар Митов.

- Advertisement -

За повеќе информации за Центарот и нивните промотивни пакети на услуги посетете ја веб страната www.centarzarazvoj.mk или фејсбук страната www.facebook.com/LinkAcrossDC.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -