-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Научници создадоа дигитални влакна кои може да се програмираат

Kabtel desktop

Истражувачи од МИТ го создадоа првото влакно со дигитални способности кои може да се осетат, да складираат, да анализираат и да следат активности што се ставаат во облеката. Јоел Финк, професор на одделите за наука за материјали и инженеринг и за електротехника и компјутери, главен истражувач во Истражувачката лабораторија за електроника и постар автор на студијата, вели дека дигиталните влакна ги шират можностите на ткаенините за откривање на скриени обрасци во човечкото тело кои може да се користат за следење на физичките способности, медицинска дијагностика и рано откривање на болести.

Финк и неговите колеги го опишуваат значењето на дигиталните влакна во списанието Nature Communications и велат дека досега електроничките влакна виле аналогни, односно носеле континуиран електричен сигнал наместо дигитален, во кој битовите информации може да се кодираат и да се обработат за нула и единица.

Новите влакна настанале со поставување стотина квадратни силициумски микроскопски ситни чипови во некоја пред форма за потоа од нив да се прават полимерни влакна. Со прецизна контрола на протокот на полимери истражувачите успеаја да создадат влакно со непрекината електрична врска меѓу чипови во должина од неколку десетици метри.

Самите влакна се тенки и флексибилни и може да се провлечат низ игла, да се зашијат во ткаенина и да се перат најмалку 10 пати без да се скршат. Изработката на дигиталните влакна отвора различни подрачја и можности за примена и решава некои од проблемите на функционалните влакна. На пример, нуди начин на управување со поединечни елементи во влакната од една точка на крајот на влакната.

„Нашите влакна можете да ги сметате за ходник, а елементите како соби и секое влакно има свој единствен дигиталн број на собите”, објаснува докторандот на МИТ, Габриел Локе, еден од водечките автори на студијата и додава дека истражувачкиот тим осмисли дигитална метода на адресирање која на влакната им овозможува да вклучува финкционалност на еден елемент без вклучување на сите елементи.

„Дигиталното влакно, исто така, може да складира многу податоци во меморијата. Истражувачите можеа да пишуваат, да складираат и да бараат информации во влакното, вклучувајќи датотека на краток филм во боја од 767 KB и музичка датотека од 0,48 MB, а датотеките може да се складираат два месеци без напојување“ наведува Локе.

Влакната, исто така, влегуваат во доменот на вештачка интелигенција со вклучување на неуронска мрежа од 1.650 врски во меморијата на влакната. Откако ставиле такви влакна околу пазувите на кошула, истражувачите со помош на влакната собрале 270 податоци за површинската телесна температура од лицето што ја носело кошулата.Врз база на тие податоци влакната со прецизност од 96% утврдило со какви активности се занимавала личноста која ги носела.

Оваа аналитичка способност на влакната еден ден може да се искористи за детектирање на здравствени промени и предупредување на луѓето. Влакната се управуваат со мал надворешен уред, па наредниот чекор на научниците ќе биде дизајн на нов чип како микроконтролер кој ќе може да се поврзе во самото влакно.

(Vidi.hr)

(фото: MIT)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!