19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

WhatsApp подготвува големи промени – истиот профил ќе може да се користи на 4 уреди

Kabtel desktop

Одлични вести за сите корисници на WhatsApp кои ширум светот, според последните податоци, се повеќе од 2 милијарди. Како што потврдија шефот на WhatsApp, Вил Кетхарт и шефот на Facebook, Марк Цукерберг, во иднина на оваа комуникациска платформа во текот на идните месеци очекуваме битни промени.

Првиот новитет се однесува на поддршката за повеќе уреди и еден профил на WhatsApp ќе може да се користи на четири различни уреди. Она што не е потврдено, но Кетхарт го спомена како опција, е поддршката за iPad. Точното време која компанијата ќе воведе поддршка за повеќе уреди не е познато, но Цукерберг вели дека тоа ќе биде наскоро.

Цукерберг додаде и дека било вистински предизвик да се развие поддршка за повеќе уреди на кои пораките би се синхронизирале дури и кога ќе нема батерија, но на крајот успеале да го решат тоа. Покрај поддршката за повеќе уреди, екипата од WhatsApp активно работела и на дополнителни опции за пораките кои исчезнуваат. Таа можност за прв пат беше претставена минатата година, кога е активирана таа опција, и според неа пораките автоматски исчезнуваат од разговорите после една недела.

Во текот на наредните месец-два на корисниците треба да им биде достапна опцијата автоматско бришење на содржините веднаш после прегледувањето. Изгледа дека таа опција ќе биде достапна само за фотографии и видеа и кога еднаш ќе ги видите, потоа веднаш ќе ги снема од разговорот. Исто така, со идните надградби пораките кои исчезнуваат ќе може да се активираат на сите разговори.

(Tech Crunch)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •