17.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Kabtel desktop

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи напиша дека следните денови се критични за телото да го прифати новиот орган.

„Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот.

Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот сите“, вели министерот.

Како што најави, повеќе детали за трансплантацијата ќе бидат достапни во текот на денот.

Трансплантацијата почна синоќа во 23 часот, откако кај 44-годишна пациентка беше дијагностицирана мозочна смрт, а тројца пациенти се подготвија да ги примат органите.

(Denar.mk)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •