19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

„Шутирај за подарок“ во Рамстор Мол

Kabtel desktop

По повод историскиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Мундијалот, од 11.06 до 21.06 од 12 до 15 часот, во Рамстор Мол ќе се одбележат Денови на фудбалот, на кои за посетителите следуваат многу изненадувања.

Во периодот на одбележувањето на Деновите на фудбалот во Рамстор Мол, посетителите во текот на секој работен ден ќе имаат можност да бидат дел од настанот „Шутирај за подарок“, организиран од Рамстор Мол и Кока-Кола.

На овој настан, во просториите на Рамстор Мол ќе биде поставен гол каде што посетителите со приложување на секоја сметка над 1000 денари, направена во која било продавница во Трговскиот Центар, вклучувајќи го и Рамстор Маркетот, ќе имаат можност да шутираат за подарок.

Покажете ги своите фудбалски вештини и освојте некоја од наградите која што ви следува за постигнатиот погодок, а во меѓувреме освежете се со Кока-Кола.

Нашето срце чука за Македонија. Заеднички да го прославиме испишувањето на историјата на македонскиот фудбал.

Ве очекуваме. Рамстор Мол, Центар во Центар. 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •