Challenge Day – Добиј целосна стипендија за новата академска година во СЕДЦ

- Advertisement -

Seavus едукативниот и развоен центар го најавува традиционалниот, добро познат Challenge Day, ден за тестирање на најперспективните и најталентираните кандидати, во сферата на информатичките технологии и дизајнот.
Целта на овој настан е доделување на шест целосни и девет полустипендии за Академските програми во СЕДЦ за академската 2021/22 година.
Стипендиите и полустипендиите ќе бидат насочени кон Академијата за програмирање, Академијата за Компјутерски мрежи (CloudOps и Security Specialist), Академијата за Софтвер Тестер и Академијата за Дизајн.

Овогодинешниот Challenge Day, ќе се одржи на 15 јуни во просториите на СЕДЦ со почеток во 14:00 часот. Тестирањето се врши електронски и содржи прашања со повеќекратен избор. Прашањата се на англиски јазик и истите се избрани согласно насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од СЕДЦ Академиите.

- Advertisement -

Учеството на Challenge Day е бесплатно, а пријавувањето се врши на следниот линк: https://cutt.ly/InPdGJ7

Последен рок за пријавување на настанот е 15 јуни (вторник) до 10:00 часот. Повеќе информации за Challenge Day може да најдете на:
https://www.sedc.mk/challenge-day-%e2%80%a2-scholarships-for-academies-2021-22/

Сподели!
- Advertisement -