37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Сотирис Караjанис: пандемијата нè научи дека мора да се поврземе, да имаме емпатија и да се слушнеме за да можеме да се разбереме!

Kabtel desktop

Сотирис Карајанис има над 30 години искуство во областа обука и развој на луѓе. Тој се води од страста да помогне на луѓето да прифатат позитивни промени. Вложува во нивните јаки страни и им помага да излезат од својата комфорна зона за да најдат суштина во она што го прават или работат. Само на тој начин ќе дојдат до чувство на среќа и исполнетост. Сотирис соработува со некои од најуспешните компании во фармацевтската индустрија, FMCG индустријата (производи за широка потрошувачка), High-tech, услуги и производство, инспирирајќи ги луѓето да стекнат раст во размислувањето и позитивен став кон личниот развој.

Пред нас е одржување на второто издание на настанот ”Let your story be heard”. Зошто е потребно луѓето од маркетинг и продажба да знаат како да ја раскажат својата приказна или пак приказната за брендовите за кои што работат?

Настанот е интерактивна дводневна работилница “Нека се слушне твојата приказна!”, во која ќе се откриваат начините и вештините како да се раскаже некоја приказна која ќе побуди емотивна реакција и внимание кај публиката што нè засега. Кога ќе речеме приказна тоа може да биде било која порака која сакаме да ја пренесеме, лична или пораката на некоја компанијa.

Публиката може да е целната група на нашиот производ, или тимот со кој работиме, но не се ограничува ни како вештина која може да се примени и во приватниот живот. Има правила преку кои можеме да се поврземе со слушателот или читателот, е сите кои треба да презентираат нешто пред други потребно е да знаат добро да раскажуваат приказни. Тоа нè вклучува сите, сепак најмногу ги засега лидерите во компанија, тимови, партии, движења, но и луѓето кои се бават со продажба и маркетинг. И вие со вашиот портал ја споделувате приказната за иновативност и сигурно сакате Вашата публика сакате да ја разбере суштината.

Раскажувањето приказни е една од најстарите цивилизациски придобивки. Преку раскажување приказни се поврзувале генерации и се пренесувале пораки и настани. Секое време е добро за раскажување приказни. Но, ова глобално пандемиско време нè научи дека мора да се поврземе, мора да имаме емпатија и да се слушнеме за да можеме да се разбереме.

А, зошто раскажувањето приказни е важно за компаниите?

Во денешно време, на клиентите им е досадно да слушаат податоци. На клиентите не им требаат луѓето од продажба и маркетинг да им кажат податоци што и самите можат да ги најдат. Но, кога станува збор за носење одлука, важна е емотивната реакција на клиентите која всушност е цел на луѓето продажба и маркетинг. Приказните имаат за цел да ги притиснат емоционалните „копчиња“ на нашите клиенти и тие се незаборавни. Она што сакаат да го слушнат клиентите се одличните приказни што ги раскажуваме за нашите брендови,  производи и услуги. Приказните го привлекуваат нивното внимание затоа што имаат неочекуван крај што ги одржува фокусирани низ нашите презентации.

Одличните приказни имаат влијание затоа што клиентите се наоѓаат во иста позиција како херојот на нашите приказни. Време е да ги замениме интензивните и бесконечни презентации на Powerpoint со приказни дваесет пати повпечатливи од најдобрите презентации на Powerpoint што сме ги испорачале досега.

Најавен е караван обуки во регионот. Почнувате од Скопје, што очекувате? Која е следната дестинација?

Целта на Change Setter Lab е да стане прв избор на обука што ќе му падне на памет на секој професионалец кој сака да научи како позитивно да влијае врз другите луѓе. Нашата прва дестинација е Балканот. Сите имаме одлични приказни да раскажуваме бидејќи живееме во еден од највозбудливите делови на светот!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •