Моника Бошкоска, жена во машкиот свет на гумите

- Advertisement -

Моника Бошкоска, заедно со нејзиниот брат Горан Гроздоски, наследија семејна компанија која денес во Македонија ги носи врвните светски брендови од светот на пневматиците. Тоа е МОТОЦЕНТАР – секогаш прв избор за гуми

Да се наследи компанија со повеќедецениска традиција е веројатно убав гест од страна на родителите, но да се верува дека децата ќе успеат да ја развијат и донесат до нови висини во компетитивност глобален свет на било која индустрија, е само доказ, кој внимателен набљудувач може да го процени, не само како успех базиран на добри гени, туку на инспиративна сила, доследност, врвно образование, постојана инвестиција во себеси, јасно изразени морални вредности, комуникациска способност, визија, тимски дух, флексибилност и истрајност. 

- Advertisement -

Со еден збор предаденост на компанијата. Предаденост, како темел за професионален напредок.

Новинарка Љубица Ангелкова
Фотограф Роберт Атанасовски

- Advertisement -

Ова е семејна бизнис приказна која ја започнаа вашите родители….како започна се?

Мотоцентар е приватна семејна компанија која започна со работа уште во 1994 година и која беше основана уште тогаш како увозник и дистрибутер на пневматици од моите родители, во едни бурни и тешки времиња полни со предизвици. Но, со голема посветеност, чесност и упорност во работата се постигнати успесите уште во првите 10 години од компанија на кои, јас и мојот брат Горан продолживме да ја градиме семејната традиција и да го развиваме бизнисот. Денес, 27 години по започнувањето со работа, Мотоцентар брои над 140 вработени и располага со 8 сопствени сервисно-продажни објекти, од кои 4 се лоцирани во главниот град и по еден во Куманово, Штип, Битола и Прилеп, на што сме особено горди.

- Advertisement -

Вие со Вашиот брат денес стоите зад Мотоцентар, како нов ветер на етаблиран бизнис. Што задржавте од традицијата, а каде се гледа вашата трага во развојот?

Како семејна компанија, се трудиме да ја задржиме традицијата и да ги негуваме семејните вредности и тоа да го чувствуваат и нашите вработени, но од друга страна, инвестираме во иновативни производи и следевме развојни процеси од нашата индустрија, со една цел, да ја подигнеме компанијата на ниво на успешна компанија која е подготвена да се мери со било која европска компанија од наша големина во оваа индустрија. Доколку сте посетиле некој од нашите продажно-сервисни локации ќе можете да видите дека навистина се трудиме да ги донесеме светските трендови во нашата држава и да им го понудиме најдоброто на клиентите.

Вашиот свет е компетитивен, работите со врвни светски брендови кои не даваат така лесно застапништва. Кои се нормите да се биде на врвот?

Застапници сме на повеќе светски реномирани брендови за пневматици меѓу кои најважни за нас се: Michelin, Continental, Nokian Tyres и Davanti, со кои градиме долгорочни и оддржливи бизнис – релации и кои не поддржуваат во секој наш нов проект. Иако сме доста мали како пазар споредно со други држави, но за нив сепак сме многу значајни, бидејќи од нас успеваат да добијат детални информации за крајните купувачи – што преферираат да купуваат, какво е искуството и задоволството од користењето на нивните производи итн. Секако, доследноста и лојалноста се најважни за работата со овие брендови, како и подготвеноста да се инвестира во технологии кои ги следат најдобрите брендови на пазарот.

Го водите секторот за маркетинг на компанијата, но и раководите со развој….Како е да се биде жена во еден според многумина машки свет, свет на гумите?

Жените кои успеваат во бизнисот, имаат една заедничка работа. А тоа е знаењето. Оттука, ќе кажам дека не верувам во бариери и поделеност на машки и женски свет во бизнисот. Ќе речам исто така дека ми е чест да работам во тим со процентуално повеќе мажи, при што сум многу почитувана. Но, морам да кажам дека многу важни сфери во работењето на нашата компанија се во рацете на исто така образовани и успешни жени, што само кажува колку нашата компанија е сензибилизирана и не признава поделби на машки и женски работи. Не сакам да верувам во родова поделба на професиите, и простете што ќе генерализирам, но моето искуство покажува дека кај работата со мажите сѐ е посимплифицирано и упростено и во однос на комуникацијата и во однос на извршувањето на работните обврски. Но, жените имаат моќно оружје каква што е интуицијата, па ние сме совршен тим. Јас со сигурност ќе речам дека се чувствувам привилегирано да работам во средина со повеќе мажи.

Воведувате доста иновации во работењето и менаџирањето. Познати сте по time consuming концептот кој е тренд во светот, а кај нас допрва треба да доаѓа.

Времето е пари и ние сме свесни дека нашите клиенти сакаат да ги заменат своите пневматици или пак да направат сервис на својот автомобил без тоа да им одземе премногу време.  Затоа, во Мотоцентар навистина се фокусираме на заштеда на времето на клиентот и воведуваме најразлични иновации насочени токму кон времето на клиентот меѓу кои најкористени се онлајн закажувањата за нашите сервиси и услуги, можноста повеќе сервиси да се направат истовремено (не само да се променат гумите или да се купат нови). Единствено ние ја имаме уникатната лојалти кешбек програма Мотоцентар + (плус), со близу 22.000 лојални корисници која е целосно фокусирана на бенефитот на нашиот клиент и е најголемото Лојалти семејство од нашата индустрија. Исто така можноста за чување на пневматиците во текот на годината во нашиот т.н. хотел за гуми со 100% сигурна услуга и можноста за купување на комплементарни производи – акцесоари за возилата, со што сакаме да се претставиме на пазарот како one-stop shop за сите производи и услуги поврзани со патничките и товарните возила.

Вложувате многу во своите тимови, кои ги имате на различни точки низ Македонија. Зошто сметате дека нивната континуирана едукција е важна, иако тоа компанијата ја чини многу?

Апсолутно најважен дел од Мотоцентар се вработените, без нив ние самите не би постигнале ништо и затоа континуираното вложување во едукација и практична обука на нашиот кадар го сметам за императив. Освен редовните обуки за продажба на гумите, за новитетите во светот на гумите и практичните обуки на кадарот во сервисите, најчесто сме фокусирани и кон спроведување на тим билдинг настани каде сите наши вработени имаат можност да се дружат заедно низ интерактивни работилници наменети за учење на нови работи. Тие средби се важни и поради можноста за запознавање и дружење на вработените, која е отежната во секојдневни услови, поради локациската дисперзираност на нашите 8 сервисно-продажни објекти.

И Вие и Вашиот брат се образувавте во странство, но одлучивте кариерата да ја развивате во Македонија. Како денес гледате на таа одлука?

Одлуката ја носите во моментот зависно од емотивната и ментална состојба. Јас, како и мојот брат, во тој момент бев решена дека сакам да се обидам да се вратам во Македонија и да ја продолжам семејната традиција, со нова енергија, кон нови проекти, а можеби и кон нови пазари… Сакав да ги вметнам стекнатите искуства од живеењето во странство во нешто што навистина ќе прерасне во наша гордост. Денес апсолутно не се каам за мојата одлука, бидејќи сметам нема ништо поубаво од живеењето во татковината, покрај најблиските. Ова го вреднуваат и ќе го потврдат сите што бар и на кратко живееле надвор од нашата држава.  

Што цените најмногу кај конкуренцијата?

Конкуренцијата е здрава за бизнисот, те тера да бидеш подобар и пофлексибилен и секако да иновираш повеќе. Јас лично ја ценам онаа конкуренција која е доследна и фер, која се труди да ја подигне нашата професија и индустрија на повисоко ниво, која инвестира во својот кадар и која нуди одлични производи и услуга. Само со заеднички напори ќе можеме да ја донесеме нашата индустрија до европско ниво и да им понудиме најдобри производи и услуга на крајните корисници.

Што е она што генерално кај нас треба да се промени како начин на размислување за да можат и бизнисите и индустријата во која функцонирате подобро да се развива?

Сметам  дека пред да почнат да се менуваат работите, бизнисите треба пред се, навистина да сакаат да се подобруваат, да сакаат да растат и да се развиваат и да разберат дека за тоа ќе е потребна макотрпна работа, време, ресурси и инвестиции. Откако тоа ќе го разберат, треба да се погледнат и анализираат успешните  приказни од регионот, дури толку близу како во нашите соседни земји (како примери со најблиску услови за работа до нашите), кои можат да ни помогнат како тоа да го направиме. Тоа е единствен начин да се остане во чекор со европските и светски трендови во оваа индустрија кои неуморно чекорат напред. 

Професијата ве носи на многу географски ширини, кое деловно патување и исксутво можете посебно да го издвоите?

Во сите деловни патувања во кои имало имало учење, возење, забава и многу убави пејсажи јас сум уживала. Не би одвоила ниту едно патување посебно, но би кажала дека преку овие патувања увидов дека Европа има преубави пејсажи за патувања со спортско возило. Најчесто, гледано од маркетинг страна, се восхитувам и на прецизноста при организацијата на тие настани и секако се мотивирам истото и јас да го направам кај нас.

Каде се гледате себеси за 10 години?

Се гледам како среќна и исполнета жена, која успешно го комбинира семејниот со деловниот живот. Би сакала и да можам да се претставувам регионално и во Европа, како маркетинг директор во најголемата компанија за увоз и дистрибуција на пневматици во Македонија и регионот.

Сподели!
- Advertisement -