37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Институтот МИТ направи паметен килим кој може да врши надзор без камера

Kabtel desktop

Изминатите години се појавија паметни огледала кои ви кажуваат дали правилно вежбате, имаме апликации кои ни го олеснуваат вежбањето така што ни даваат совети. Но, во иднина изгледа ќе имаме и паметни килими кои ќе ве следат додека вежбате и ќе ви кажуваат каде сте погрешиле. Тоа е еден од проектите на коишто работат истражувачи од МИТ.

Истражувачите од Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција на МИТ исто така се загрижени за претераната употреба на камери во нашите животи. Затоа решија да направат систем кој ќе може да „види“ во која поза вежбате без камери. Бидејќи најголем дел од денот сме на нога или имаме контакт со подот, тимот одлучи да ги искористи информациите кои се генерираат при таквиот контакт и да ги искористи за да обучат еден систем без камери.

За почеток морале да искористат и камера за да направат корелација со влијанието на човечктие активности врз подот. Тоа го постигнале со посебна тактилна подлога направена од слој осетлив на притисок, спроводливи влакна и над 9.000 сензори. Секој сензор го претворал ефектот од контактот со подот во електричен сигнал. Со синхронизирање на визуелниот дел и електричните сигнали, истражувачите обучиле невронска мрежа да ги идентификува активности кои ги врши човекот без потреба од камера.

Иако бројот на сензори е огромен, таквиот паметен килим чини помалку од 100 долари да се произведе. „Во иднина можеме да очекуваме паметни килими за вежбање.Килимот се базира на тактилни информации, може да ги препознае активностите, да го изброи бројот на повторувања и да ја пресмета количината потрошени калории“ вели Јунжу Ли, коавтор на студијата.

Бидејќи податоците за притисокот се добиени главно од долниот дел на телото, системот е помалку прецизен кога предвидува движења на горниот дел од телото. Во иднина истражувачите сакаат да ја подобрат детекцијата кога двајца луѓе вежбаат на еден килим и да ги проценат информациите во зависност од нивната тежина и висина.

Истражувачите се уверени дека нивната технологија е чекор понапред до подобрување на персонализираната самозаштита на здравјето, паметни домови и игри.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •