Јавна расправа за Нацрт – законот за продажба на државно земјоделско земјиште

- Advertisement -

Целосно и порационално искористување на обработливите површини, нивно окрупнување и можност за поголеми вложувања. Ова се само некои од целите предвидени со Нацрт – законот за продажба на државното земјоделско земјиште кој денеска е ставен на јавна расправа.

Според предложениот текст, ќе се зајакне и финасиската состојба на идните сопственици кои изградиле објекти врз државното земјоделско земјиште. Тие ќе може да обезбедат допонителни средства преку кредитирање (заложување на таквите објекти пред финасиските институции).

- Advertisement -

Во законот се предвидени четири постапки за продажба на државното земјоделско земјиште: јавен оглас, јавен повик, продажба на земјиште дефинирано како технолошка целина на оранжерија и технолошка целина на стопански двор, како и продажба во постапката за консолидација.

На јавната расправа ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, по што ќе следува дискусија. Присутни ќе бидат претставници од земјоделски здруженија, стопански комори, високо образовни институции, потсекторски групи од Министерството за земјоделство, невладини организации, како и земјоделци.

- Advertisement -

Според Агенцијата за катастар на недвижности, околу 577.000 хектари во земјава се класифицирани како обработливо земјиште. Од нив, околу 240.000 или 41 процент се во државна сопственост и управувани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

-Изминатите 20 години во функција се ставени околу 130.000 хектари од вкупно расположивите 240.000. Необработени и запуштени се преку 100.000 хектари. Со овој закон ќе се овозможи таквите површини да се стават во функција на развојот на земјоделството и зголемување на земјоделското производство, велат за МИА од МЗШВ. мч/

Сподели!
- Advertisement -