-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Данците ќе можат да се вакцинираат со трета доза вакцина, но под посебни услови

Kabtel desktop

Во Данска луѓет кои примиле две различни вакцини против КОВИД-19 ќе можат да добијат и трета доза вакцина за да им се признае статусот на вакцинирани надвор од шенген зоната, каде што има различни прописи и правила.

Данското Министерство за здравство изјави дека на луѓето кои примиле различни вакцини ќе им биде понудено да примат трета доза откако ќе биде завршена националната програма за вакцинирање. Причината за тоа е што неколку држави надвор од ЕУ и надвор од шенген зоната при влез на луѓе кои се вакцинирани со различни вакцини не им признаваат дека се целосно вакцинирани.

Тоа може да предизвика проблеми при патување на околу 150.000 дански државјани кои примиле две дози од две различни вакцини против КОВИд-19. Имено, вкупно 151.335 Данци, главно здравствени работници, на почетокот добија прва доза од вакцината на AstraZenecа, а потоа бидејќи вакцината беше забранета, добија втора доза вакцина на BioNTech/Pfizer или на Modernа.

Сега за трета доза мора да добијат вакцина на BioNTech/Pfizer или Modernа за да можат да патуваат надвор. Како тоа ќе се спроведе во пракса уште не е познато.

(Zimo)

(фото: Pixnio)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!