12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Автобус што се претвора во брод – најновата туристичка атракција во Париз

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Една од најновите туристички атракции во главниот град на Франција е амфибискиот автобус кој сообраќа низ градските улици, а потоа се претвора во брод кој плови, возејќи ги туристите директно по реката Сена, пишува „Кликс“.

Амфибиските туристички автобуси, општо познати како „патки“, со години се користат за превоз на туристи во разни градови низ светот. Тие честопати беа модифицирани како воени бродови на море, а некои од нив стигнаа и до насловните страници на некои медиуми откако потонале или биле запалени.

Верзијата што се користи во Париз е нов наменски дизајн изграден главно во Франција и според зборовите на неговите оператори, тоа е првото амфибиско возило кое добило дозвола за превоз на туристи по копнените и водни патишта во Париз.

Предниот дел на автобусот по форма е сличен на брод, за да може полесно да влезе во вода. Во споредба со традиционалните автобуси, палубата е особено висока, со цел да биде што подалеку од водата, од безбедносни причини.

Извор – Радио МОФ

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!